Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ПЕЈКОВ: По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во Кочани

БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ПЕЈКОВ: По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во Кочани

По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во трагедијата во Кочани, најави бугарскиот пратеник Манол Пејков на неговиот Фејсбук профил. 

Тој објави каде биле распределени дел од парите кои тој ги собра за настраданите во Кочани. По консултации со Кризниот штаб во Кочани, бил составен список од 18 семејства кои претрпеле најголеми загуби, а на 15 од нив веќе им се префрлени по 1.500 евра од донациите.

Пејков најави и дека се задржани околу 13.000 евра за поддршка на жртвите на кои им е потребен подолг третман.

Досега, преку сметка и PayPal, биле собрани вкупно 39.952 евра од 624 донации. Од нив, 22.500 евра веќе се исплатени, 4.500 евра ќе бидат префрлени штом се отворат сметките, а останатите средства ќе се користат за понатамошна помош.

Во Кочани загинаа 59 луѓе во пожар во дискотеката Пулс. 

Министерството за здравство денеска информираше дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска.

Слично

Поврзани вести