Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот пратеник Костадинов ја нарече Македонија втора бугарска држава

Бугарскиот пратеник Костадинов ја нарече Македонија втора бугарска држава

Нови провокации денеска има од соседна Бугарија. Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба“ на денешната прва седница од новиот бугарски парламент изјави дека Македонија е втората бугарска држава.

„Должни сме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија“, изјави Костадинов.

Корнелија Нинова, претседателка на бугарската социјалистичка партија бара Бугарија да го врати ветото за Македонија.  Истото го бара и Слави Трифонов од „Има таков народ“. 

Слично

Поврзани вести