Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот политичар Иванов навива Бугарија да го прифати францускиот предлог затоа што е добар за нив

Бугарскиот политичар Иванов навива Бугарија да го прифати францускиот предлог затоа што е добар за нив

Во студиото на „Разбуди се“ на бугарската телевизија „Нова“,  лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов вели дека францускиот предлог е добар за неговата земја. 

Тој  изјави дека сега не треба да ја пропуштат шансата. Го разгледал предлогот, и вели дека тој ги исполнува сите бугарски барања. 

„Ова ќе биде крајно несреќно за нас. Се долева масло на огнот“, рече тој.

Вели дека претседателот на „Има таков народ“ Слави Трифонов се обидува да ја искористи темата Македонија за да обезбеди алиби за некои од неговите внатрешно-политички дејствија и според него тоа е неодговорно.

„Многу внимателно го прочитав предлогот. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општото мислење е дека ова е многу добар предлог за Бугарија. Сакам сите да ме слушнат – ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал“, рече Иванов.

Тој кажа дека ако оваа шанса не ја искористат, не се знае кога ќе биде втората. Франција со предлогот сака да ги усогласи разликите меѓу Македонија и Бугарија. Овој предлог во Македонија поттикна многу критики. 

Слично

Поврзани вести