Бугарското Собрание доби „зелено светло“ од Борисов за членството на Македонија во НАТО
Бугарската влада на чело на премиерот Бојко Борисов на седницата на министерскиот совет му предложи на Народното собрание да го ратификува Протоколот за пристап на Македонија во НАТО.
„Владата го одобри Протоколот потпишан во Северноатлантскиот договор односно присоединувањето на Република Северна Македонија кон НАТО, кој беше потпишан од земјите-членки на 6 февруари 2019 во Брисел“, се вели во соопштението од седницата.
Со ова решение Министерскиот совет му предлага на Народното собрание да го ратификува Протоколот со закон.
Вчера тоа го направи словенечкиот Државни збор, а утре на ред е албанскиот парламент.
Слично
