Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот навивач кој беше избоден во Чаир од вчера е пренесен во Софија

Бугарскиот навивач кој беше избоден во Чаир од вчера е пренесен во Софија

Бугарскиот навивач на „Левски“, Драгомир Андонов, кој минатата недела беше избоден со нож во скопски Чаир, пред мечот Шкупи – Левски, е во стабилна состојба  без опасност по животот. 

Лекарите од Военомедицинската академија во Софија потврдија дека повредениот е пренесен во главниот град на Бугарија по операцијата во болницата Св. Наум Охридски во Скопје. Вчера тој со лет на државниот авијациски оператор со хеликоптер Ми-8 е пренесен од Скопје во Софија.

-Пациентот е во одлична состојба, со стабилни и високи лабораториски параметри, изваден е од интензивна нега и сместен во стандардна хируршка клиника за завршување на лекувањето и рехабилитација“, соопштија од софиската ВМА.

Андонов беше избоден во скопската населба Чаир непосредно пред мечот на бугарскиот клуб Левски со Шкупи. Се здоби со повреда во пределот на стомакот со лезија на црниот дроб и веднаш беше опериран во УКХБ Св. Наум Охридски во Скопје.

Бугарските навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар “Чаирчанка” и најпрвин влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, а потоа ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти.
За настанот уапсени се четири лица, но се уште се трага по тој што го избоде Андонов.

Слично

Поврзани вести