Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот министер за внатрешни: Се носат 15.000 Македонци на гласање во Бугарија

Бугарскиот министер за внатрешни: Се носат 15.000 Македонци на гласање во Бугарија

„Во Ќустендил имаме многу интересен случај за купување гласови. Еден бивш министер за внатрешни работи овие денови одржа состанок со поранешниот гувернер на округот и со уште една хоспитализирана личност. Тие разговарале за тоа како да привлечат 15 000 Македонци со бугарско државјанство да гласаат тука во нашата земја “, рече денеска привремениот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, на брифингот за медиуми.

Министерството за внатрешни работи обезбедило информации за тековната полициска акција за спротивставување на купувањето гласови пред парламентарните избори во Бугарија откако по првите не се формираше владина коалиција.

„Имаме податоци дека оваа форма на изборен туризам е подготвена во многу населени места. Планирано е да се концентрира голена бројка во деновите пред изборите со бугарски граѓани на една адреса “, коментира Рашков.

Според него, такви интенции има и за Благоевград, а досега доставени се околу 100 наоди до Министерството за внатрешни работи за организирано поткупување на гласачи.

„Од денес, има полициска акција против купување гласови на територијата на целата земја, која ќе трае до денот на гласањето “, додаде Рашков.

Тој спомена и дека постојат докази дека во Германија има пункт за гласање со лажни апликации на Бугарски граѓани кои дури и не живеат на територијата на Германија.

„Ние сме во контакт со релевантните служби и ќе ги спречиме овие обиди за искривување на гласањето“, додаде Рашков.



Слично

Поврзани вести