Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот министер за надворешни работи го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

Бугарскиот министер за надворешни работи го нарече Мицкоски „сeверномакедонски“ премиер

Бугарските политичари го гледаат гласањето во Европскиот парламент како победа. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во Европската Унија и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид.

Зборувајќи за премиерот Христијан Мицкоски, тој го нарече „северномакедонски“ премиер.

„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни.“

Овој став на Георгиев доаѓа по извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани зборовите „македонски јазик и идентитет“.

Слично

Поврзани вести