Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ТРЕСЕ ЗЕЛЕНИ, МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ТРЕБА НА ДНЕВНА ОСНОВА ДА СЕ ПОВИУВА НА ПРЕКРШУВАЊА НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ОД СТРАНА НА БУГАРИТЕ“: Најчевска за односите со Бугарија

„БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ТРЕСЕ ЗЕЛЕНИ, МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ТРЕБА НА ДНЕВНА ОСНОВА ДА СЕ ПОВИУВА НА ПРЕКРШУВАЊА НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ОД СТРАНА НА БУГАРИТЕ“: Најчевска за односите со Бугарија

Откако бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, рече дека формулациите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ не се категории во меѓународното право и не се критериуми за пристапување кон ЕУ, се огласи професорката Мирјана Најчевска, која тврди дека Бугарија секојдневно го прекршува меѓународното право.

„И идентитетот и јазикот се параметри на меѓународното право и се дел од голем број конвенции и пактови и повелби, а негирањето конкретно на идентитетот на Македонците и на македонскиот јазик е спротивно на добрососедските односи и со тоа спротивно на стандардите на ЕУ.

Тоа значи дека бугарскито министер тресе зелени. Македонската дипломатија треба да почне на дневна основа да се повикува на прекршувањата на меѓународното право од страна на Бугарите“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести