Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот историчар Димитров вели дека имале „неплодна средба“

Бугарскиот историчар Димитров вели дека имале „неплодна средба“

Нема напредок во разговорите меѓу македонските и бугарсјите историчари. 

Претседателот на бугарскиот тим во заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, Ангел Димитров, денеска на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, изјави дека дводневниот онлајн состанок заврши без резултати.

Тој, како што јави МИА од Софија, информира дека членовите на Комисијата на средбата успеале да го усогласат записникот од 12. состанок, што се одржа на почетокот на 2021 година, во што, според него, има симболика.

На денешната, како што вели Димитров, неплодна средба, историчарите зборувале за цар Самуил, посочувајќи дека се уште „се заглавени“ во 10. и 11. век. Димитров додаде дека стравува дека работата на Комисијата ќе биде тешка и во текот на следната година.

Димитров има забелешки и за реториката во однос на одбележувањето на Св.Климент во земјава. Разговорите траеја два дена. 

Од Министерството за надворешни работи (МНР) соопштија дека не само што нема напредок, туку и натаму остануваат разликите во пристапот и разбирањето на историјата. 

Инаку, Димитров пред неколку дена кажа дека немало докази дека македонскиот народ постоел. 

Слично

Поврзани вести