Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски владици доаѓаат во Македонија заедно со Радев

Бугарски владици доаѓаат во Македонија заедно со Радев

За време на посетата на бугарскиот претседател Румен Радев во неговата официјална делегација членови ќе бидат и двајца владици од БПЦ. Посетата ќе се реализира овој петок со цел да се пренесат пораките од бугарското претседалствување со Европскиот совет и практично имаат 6 месеци за да претстават своја програма на работа.

Бугарските митрополити Николај и Кипријан ќе имаат црковни обврски и задачи во Република Македонија и моќна е средба, како и заедничка служба во православните храмови.

Засега нема официјална потврда дали ќе има и работна средба на комисиите меѓу двете цркви, но сосема извесно е дека бугарските владици ќе се сретнат и со членови на Синодот на Македонската црква.

Контактите меѓу Македонија и Бугарија се повеќе и се почесто покажуваат знаци на променет и подобрен однос.

Слично

Поврзани вести