Бугарски пратеник изнесе тешки обвинувања: Тврди дека со пописот Македонија се обидува да ги маргинализира Бугарите
Властите на Северна Македонија прават сѐ за што е можно помалку луѓе да напишат за време на пописот дека се Бугари, изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за Радио Фокус
Според политичарот, властите ги заплашуваат македонските Бугари преку медиумите, полицијата и специјалните служби кои одат од куќа до куќа и ги принудуваат етничките Бугари да не зборуваат за нивното бугарско потекло на различни начини. Целта на таквото однесување е да се направат Бугарите на новиот попис да бидат толку мала етничка група како Србите и Бошњаците.
- Да има што е можно помалку од нив, така што тие би биле маргинална група, слична на српските, бошњачките и другите групи што се навистина маргинални во Северна Македонија - рече Џамбаски.
Во исто време, македонските власти не гледаат закана во големината на албанската група.
- Наместо тоа, тие се занимаваат со притисок, понижување и навреди кон Бугарите кои живеат во Северна Македонија - забележа бугарскиот пратеник.
Да потсетиме, во земјава се одржува попис, прв од 2002 година. Досега се регистрирани околу 700.000 жители. Пописот се одржува и во Бугарија.
