Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАРИ ГО ПОЗДРАВУВААТ ПОРАЗОТ НА ОРБАН: Очекуваат Македонија да ја изгуби поддршката од Унгарија

БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАРИ ГО ПОЗДРАВУВААТ ПОРАЗОТ НА ОРБАН: Очекуваат Македонија да ја изгуби поддршката од Унгарија

Дел од бугарските политичари позитивно реагираат на изборниот пораз на Виктор Орбан во Унгарија, оценувајќи дека новата политичка ситуација може да донесе промени и во односите со Македонија.

Европратеникот Андреј Ковачев упати честитки за победата на Петер Маѓар и неговата партија „Тиса“, посочувајќи дека резултатот претставува сигнал за нов правец во политиката на Унгарија.

„Ова е силен знак за промена – не само за Унгарија, туку и за Европа и светот. Одлични вести и за Бугарија“ – наведува Ковачев.

Тој изрази очекување дека Будимпешта ќе ја преиспита својата досегашна политика кон Скопје, особено во контекст на, како што вели, поддршката за позиции што Бугарија ги оценува како неприфатливи.

 „Се надевам дека Унгарија ќе ја преиспита поддршката за антибугарската реторика и дејствија на Скопје, кои со години беа поддржувани“ – истакнува Ковачев.

Бугарскиот европратеник, кој е член на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, упати честитки и до новото унгарско раководство, како и до колегите од Европската народна партија во Европскиот парламент.

Изјавите доаѓаат во време на нови политички тензии во регионот, при што дел од бугарските политичари сметаат дека промените во Унгарија може да имаат пошироки последици врз европските процеси, вклучително и пристапните преговори на Македонија со Европската унија.


Слично

Поврзани вести