БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија
Бугарски новинари се вратени од граничниот премин кај Делчево, се пожалија од БГНЕС.
Денес, граничната полиција на Македонија не му дозволила на тимот на Агенцијата БГНЕС да влезе во земјата, пишува бугарската агенција БГНЕС.
Дежурниот полицаец на граничниот премин кај Делчево како што објави агенцијата не му дозволил на тимот да влезе со образложение дека „немал дозвола од надлежното министерството во Скопје”. Истиот тим како што наведува агенцијата ја посетил земјата многу пати од почетокот на годината, без посебни акредитации.
За целата ситуација реагираше и бугарскиот европатеник Андреј Ковачев на својата Фејсбук страница каде напиша дека соседите без разлика кој е на власт дали СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ спроведуваат репресивна политика против бугарските граѓани.
фото БГНЕС
