Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски медиуми: Пендиков излезе од интензивна нега

Бугарски медиуми: Пендиков излезе од интензивна нега

Секретарот на културниот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, излегол од интензивна нега, известуваат бугарските медиуми, откако тој беше претепан во Охрид во инцидент, иако се уште не се јасни мотивите, создаде затегнување на македонско-бугарските односи.

Состојбата на пациентот Христијан Пендиков се подобрува, тој е изваден од интензивна нега, соопштика Воено медицинската академија (ВМА). Пендиков е примен на Одделот за орална хирургија, јави БТА.

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков беше претепан на 19 јануари во Охрид. Како пациент бил пренесен во Бугарија со авион и примен на лекување во ВМА, каде му била извршена операција на скршената вилица.


Слично

Поврзани вести