ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека премиерот Христијан Мицкоски во 2008 година аплицирал за бугарско државјанство во конзулатот во Скопје, па се откажал. Велат дека ова е бугарска пропаганда против Македонија.

„Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. Ваквите удари и лаги се резултат на едноставната вистина – единствената и најсилна пречка за негирачките барања на Бугарија кон Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Сликата е кристално јасна: од една страна е Венко Филипче, кој без никакви гаранции за македонскиот идентитет и јазик, се залага Бугарите да бидат внесени во Уставот; од друга страна е Христијан Мицкоски, кој ги стопира максималистичките барања и го брани националниот идентитет и македонскиот јазик. Затоа бугарската пропагандна машинерија со сите сили ги активира своите инсталации и соработници во обид да нанесат штета на македонските позиции“, вели партијата во соопштението.

Инаку, политичарот Андреј Жерновски бара одговор од Мицкоски дали аплицирал или не за бугарско државјанство.

Европратеникот Андреј Ковачев тврди дека и пратеници и роднини на нашите премиери имале бугарски државјанства. 

ad
Слично

Поврзани вести