Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски медиум објави за кое дело ќе го гонат македонскиот лекар кој прегази куче

Бугарски медиум објави за кое дело ќе го гонат македонскиот лекар кој прегази куче

Лекарот Ненад Цоневски, Македонецот кој работи во Софија, е обвинет за „екстремна суровост кон животно“, откако со автомобил прегази маалско куче во бугарскиот главен град, пишува „24часа.бг“ Од Обвинителството во Софија велат дека Цоневски ќе одговара за „намерна суровост кон животно што резултирало со сериозни повреди“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтанизирано подоцна. Ветеринарната експертиза покажала дека кучето имало сериозни повреди на ‘рбетот и сигурно немало да може да ги движи задните нозе, но имало шанси да преживее. Кучето Маја било чипувано, но немало сопственик, па ветеринарот, по консултација, решил да го успие, пишува „24 часа“.

Ако судот го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со затворска казна од една до пет години. Додека трае истрагата, тој е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија. Оттаму велат дека „не толерираат никакви облици на агресија или насилство, независно кон кого се насочени“ и потврдија дека соработуваат со органите на истрагата, меѓу кои и Воената полиција, која е надлежна за софиската ВМА. 

Со оглед на тоа дека Цоневски се вратил во Македонија бидејќи се почувствувал загрозен од нападите и заканите по социјалните мрежи во Бугарија, останува да се види како, ако биде осуден, ќе изреагира бугарската влада на барање за екстрадиција и дали тој поседува бугарски пасош. 

Сепак, дел од медиумите објавија дека од софиската полиција потврдиле дека лекарот со неговиот адвокат самиот се пријавил, по што му се дадени материјалите од обвинението и е пуштен со кауција од 5 илјади лева.

Слично

Поврзани вести