БУГАРСКИ МЕДИУМ: Мицкоски намерно ја блокира европската интеграција за внатрешно-политички, а не е исклучено и надворешно-политички цели
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски намерно ја блокира европската интеграција на Северна Македонија за внатрешно-политички, а не е исклучено и надворешно-политички цели, бидејќи се обидува да ја означи Бугарија како непријател број 1 на неговата земја, пишува „Медиапул.бг“.
Медиумот наведува дека ден пред тоа Мицкоски рекол дека е подготвен да преговара со Бугарија за да ја укине „десетгодишната блокада“ и продолжил да ги доведува во заблуда македонските граѓани дека може да постигне подобри услови за влез на земјата во ЕУ.
Мицкоски очекува редовна влада во Софија, за да може да ги почне преговорите, иако бугарските власти не пропуштија да споменат дека т.н. Францускиот предлог од 2022 година, е производ на договорот меѓу 27-те земји членки на ЕК и Северна Македонија.
„Но, императив е Мицкоски да започне дијалог со Бугарија во име на добрососедството, што е древна европска вредност. Наместо тоа, тој не престанува да зборува за осудениот и неработен договор за добрососедство од 2017 година, за замена на неработната комисија за спорни историски прашања, па дури и за откажување на изградбата на транспортниот коридор бр.8, кој треба да го поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Дурјос со Скопје, Софија и Црното Море“, пишува „Медииапул.бг“.
Според наведеното, „слична кампања може да му донесе бенефит на домашно политичко поле, но секако не ѝ помага на неговата земја да тргне кон ЕК“ и се додава дека истовремено, „блокираната интеграција создава антиевропски чувства во неговата земја, кои лесно се искористуваат од трети стра
