Бугарски клуб ќе се отвори и во Кавадарци, но со пристојно име
Уште еден бугарски културен клуб ќе се отвори во Македонија, овој пат во Кавадарци на 11 декември, дознава „Плусинфо“.
Клубот ќе биде приватен, односно без државна поддршка зад себе, а името ќе биде „Балкански коридор“.
На отворањето ќе присуствува амбасадорот на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов, а најавено е дека ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Миликов.
Ова ќе биде трето отворање на бугарски клуб во Македонија, по клубовите „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Слично
