Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарски историчар го брани македонскиот јазик и ја критикува Генчовска

Бугарски историчар го брани македонскиот јазик и ја критикува Генчовска

Бугарскиот историчар Стефан Дечев вели дека е арогантно, навредливо и невоспитано бугарските власти да не го признаваат македонскиот јазик. 

Дечев отворено ја критикува, како што вели, празноглавата бугарска министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска која постојано повторува дека Бугарија не го признава македонскиот јазик. За него, прашање на добро воспитување, а не на филолошки познавање е јазикот кој твојот сосед го нарекува македонски, и ти да го нарекуваш како што го нарекува и тој.

„Не може цела Бугарија да се срами поради одлуката на еден секција на Бугарската академија на науките (БАН) или на едно семејство лингвисти. Во Брисел, во Париз, во Берлин, во Амстердам, во Копенхаген, во Токио, во Вашингтон, во Москва, во Киев, во министерствата за надворешни работи, на универзитети и катедри, јазикот е македонски. И тука падежите, инфинитивите, клаузулите, акцентите и т.н. воопшто не се важни“, пишува тој во својот коментар.


Тој нагласува дека секое добро воспитано дете знае дека треба да кажува „Добар ден“ и Благодарам“, иако во Бугарија, за разлика од Македонија, по Првата светска војна за „благодарам“ се користи и „Мерси“.

Дечев и претходно изјавувал дека Бугарија не е разумна затоа што ја запира Македонија на патот кон Европската Унија(ЕУ). 

Eкс бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, вели дека во односите со Македонија, бугарскиот интерес е заштитен. 

Според неа, таканаречениот „македонски јазик“ е преддокофициран бугарски литературен јазик. 

Слично

Поврзани вести