БУГАРСКИ ЕВРОПРАТЕНИК: Без право на вето, Европската Унија се претвора во Советски Сојуз
Бугарија е против македонското залагање за укинување на ветото како инструмент за уцени од земјите членки на Eвропската Унија(ЕУ).
„Проширувањето на Европската Унија е правен и политички процес. Претворањето во геополитички инструмент го поткопува самиот Договор за Европската Унија, а укинувањето на правото на вето би ја претворило во втор Советски Сојуз. Европската Унија мора да се прошири според јасни критериуми, а не според погодност", порача бугарскиот европратеник, Станислав Стојанов од говорницата во Европскиот парламент.
Стојанов во својот говор ја спомена и Македонија. Според него, со овој пристап се доаѓа до апсурдни резултати.
„С.Македонија, која се уште не е членка на ЕУ, отворено се залага за гласање со квалификувано мнозинство во Советот. Ова е обид да се заобиколат обврските што ги презеде Скопје во 2022 година кон целата ЕУ. Реформата е неопходна, но таа мора да биде предмет на сериозна анализа, а не по цена на суверенитетот на земјите-членки. Ќе повторам уште еднаш - без право на вето, Европската Унија се претвора во Советски Сојуз", вели Стојанов.
Европските челници порачаа дека Македонија мора да ги направи уставните измени за да почне преговори со ЕУ.
