Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКИ Е МАРС, БУГАРСКИ Е ДАЛАЈ ЛАМА! НА РАПЕРОТ СО РАП МУ ВРАТИ - Богдан му испеа долга песна на Усна и доби бројни пофалби (Видео)

БУГАРСКИ Е МАРС, БУГАРСКИ Е ДАЛАЈ ЛАМА! НА РАПЕРОТ СО РАП МУ ВРАТИ - Богдан му испеа долга песна на Усна и доби бројни пофалби (Видео)

Водителот и шоумен Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит му возврати на бугарскиот рапер Иван Динев – Устата кој пред неколку дена објави песна со која ја навредува Македонија и македонскиот народ.

– Кај си бе Уста во уста да те гребам, сакаш да влезеш во уста, но можеш ко ќе ти наредам. Сѐ што имам да ти кажам што си ти сам крив, не ти смета мојот јазик, туку што сум жив. Не ме боли дур што Тупак мисли, ти за мене си ко Азис, јас за тебе Елвис Присли - пееше нашиот шоуменот Илиевски.

Во продолжение може да ислушате што Бетмен му пее на Устата.


Богдан со својата песна која е малку подолга од вообичаено, во суштина му враќа на бугарскиот рапер кој испеа навредлива песна за нашата земја, нашиот јазик и историја 

- Слушајте внимателно мили соседи, првата лекција по македонска историја – тоа не е држава туку територија. Малечка провинција со големи амбиции која пораснала со бугарски традиции. Со бугарски корени се сите дрва до 1945 година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот - се дел од навредливите стихови на бугарскиот рапер.

Устата им сподели на своите следбеници дека по објавувањето на песната со навреди за Македонија добил над 100 смртни закани.

По објавата на песната од страна на Богдан, на неговиот Фејсбук профил доби голем број пофалби за начинот на кој му врати на бугарскиот рапер. 

„Секоја чест Богдане Македонски“, „Браво“, „Те љубим“, „Респек“ се само мал дел од коментарите кои понатаму пристигнуваат на неговиот профил. 

Слично

Поврзани вести