Бугарската телеграфска агенција отвори редакција во Скопје
Бугарска телеграфска агенција отвори свој прес-клуб во Скопје. На на настанот присуствуваше министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, како и министерката за културата на Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, претседавачот на собраниската комисија за култура и медиуми на Бугарија, Тошко Јорданов и други функционери.
Прес клубот на БТА во Скопје ќе биде место за прес-конференции, интервјуа, настани, состаноци и размена на искуства меѓу новинари од Бугарија и Република Северна Македонија, рече на отворањето директорот на агенцијата Кирил Валчев.
На свеченоста, министерката Генчовска упати честитки до тимот на БТА, нагласувајќи дека веќе постои вистинска медиумска врска меѓу двете земји и изрази уверување дека новинарите ќе работат во атмосфера на колегијална и пријателска соработка во името на високиот професионализам.
Отворањето на медиумскиот клуб беше дел од посетата на бугарската делегација во спомен на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
