Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарската страна не ги прифатила предлозите на македонскиот тим

Бугарската страна не ги прифатила предлозите на македонскиот тим

Бугарија сака да наметне свој поглед кон минатото, тврди македонскиот тим од историската комисија по најновиот состанок кој не вроди со плод. 

Според македонската страна, ова можеби биле најтешките разговори досега. Додаваат дека според нив, бугарската страна сака да наметне нивен поглед за минатото и образовниот систем во друга држава.

Од македонскиот тим за МИА велат дека на дискусијата за подобрување на учебниците по историја, бугарската страна не ги прифатила предлозите на македонскиот тим.

Македонската страната, како што велат, дала предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и применливи.

Од бугарската страна рекоа дека за Гоце Делчев тешко ќе се најде разбирање. 

Нема напредок во преговорите меѓу македонските и бугарските историчари. Уште еден состанок на македонско – бугарската историска комисија заврши без успех. Ангел Димитров, шеф на бугарскиот тим во заедничката Мешовита комисија за историјата изрази разочарување по дводневната средба со македонските колеги од Мешовитата комисија, пренесе БГНЕС.

Слично

Поврзани вести