Бугарската полиција потврди дека едно лице од Македонија е приведено на граница
Македонски државјанин e приведен при влез во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија по информација на бугарското Министерство за внатрешни работи.
„Приведениот македонски државјанин се бара од 2020 година од бугарските власти и тоа нема никаква врска со денешното отворање на македонскиот клуб во Благоевград“, објаснуваат за МИА од бугарското МВР.
Лицето не го бараат од Интерпол, неофицијално коментираат за МИА од граничната полиција на Бугарија.
Во соседна Бугарија во Благоевград денеска македонското малцинство го отвори клубот „Никола Вапцаров“.
Слично
