Бугарската министерка за правда: 65.675 Македонци со бугарско државјанство за 10 години
65.675 граѓани на Република] Северна Македонија се стекнале со Бугарско државјанство со декрет на потпретседателот за последните 10 години. Овие податоци ги изнесе министерката за правда на Бугарија, Десислава Ахладова, на пратеничко прашање во бугарскиот парламент.
Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври оваа година поднесени се 77.829 пријави доставени како молби од Македонците да примат Бугарско државјанство.
- Во последните 10 години, нашата земја издаде најмногу пасоши на жителите на нашиот сосед во 2010 година - 11 724 примероци, а најмалку се издадени во 2013 година - 2171 примероци, рече Ахладова.
Во текот на оваа година, бугарски пасош добиле 6.712 Македонци.
Слично
