Бугарската фондација Македонија ќе ја блокира границата со Македонија во недела
Бугарската фондација Македонија ќе ја блокира границата со Македонија во недела, пишуваат бугарските медиуми.
Во најавата за блокадата на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“ се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Бугарија, кое дало дозвола блокадата да се одржи.
„Нашата цел е да му покажеме на Мицкоски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме два часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува фондацијата.
Во Скопје вчера маж запали возила на бугарската амбасада, а попладне полицијата го уапси.
Слично
