Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарска групација зад договор од 157.000 евра за сајбер безбедност на владина служба

Бугарска групација зад договор од 157.000 евра за сајбер безбедност на владина служба

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила договор вреден околу 157.000 евра за набавка на интегриран систем за сајбер безбедност и заштита на податоци.

ИЗВОР: e-nabavki.gov.mk

Договорот е доделен на Друштвото за професионални и консултантски услуги ТЕЛЕЛИНК БИЗНИС СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје, фирма регистрирана во Македонија. Но, податоците од сопственичката структура покажуваат дека нејзин сопственик со 100 проценти удел е ТЕЛЕЛИНК БИЗНИС СЕРВИСИС ГРУП АД, групација поврзана со Бугарија. Како вистински сопственик е наведен Љубомир Михајлов Минчев.

ИЗВОР: Companywall

ИЗВОР: companywall.com.mk

ИЗВОР: PAPAGAL.BG

ИЗВОР: papagal.bg

Предмет на тендерот е систем за заштита од сајбер напади, следење на безбедносни настани, анализа на ризици и резервно копирање на податоци. Во финансиската понуда се наведени четири ставки. фајрвол уред од околу 26.800 евра, СИЕМ, УЕБА и СОАР платформа од околу 95.900 евра, платформа за сајбер закани од околу 19.900 евра и бекап решение од околу 14.400 евра. Најголем дел од сумата оди токму за платформата за следење и управување со безбедносни инциденти.

Сајбер безбедноста е реална потреба за државните институции, особено ако системот треба да штити податоци, мрежи и сервери што ги користат повеќе органи. Но, од достапните документи не се гледаат неколку клучни детали што се неопходни за јавноста да процени дали цената е оправдана.

Не е наведено кој производител и модел е фајрвол уредот. Не се гледа кој конкретен СИЕМ/СОАР систем се купува. Не е јасно колку корисници, сервери, уреди или количина на логови покрива лиценцата. Не се гледа дали лиценците се за една година, две години или се трајни. Отворено останува и прашањето дали има 24/7 поддршка, дали е вклучена дали има услуга од центар за безбедносни операци и колку чини самата имплементација.

Во договорот стои дека испораката и имплементацијата треба да се завршат во рок од 90 дена, со обука, документација и гарантен рок од 24 месеци.

Дополнително, податоците од јавните набавки покажуваат дека ТЕЛЕЛИНК БИЗНИС СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје има континуирана соработка со државни институции. Само во 2026 година, фирмата се појавува кај 18 тендери, што покажува дека не станува збор за изолиран договор. Меѓу поновите договори е набавката со Агенцијата за катастар на недвижности за сајбер безбедносно решение од околу 256.000 евра.

Во податоци се издвојува и најголемиот договор на фирмата, склучен во 2023 година со Министерството за одбрана, за телефонски систем на Министерството и Армијата, вреден околу 1,54 милиони евра.

Финансиското резиме за македонската фирма покажува дека во 2025 година таа прикажала 1.958.000 евра вкупен приход, 1.904.000 евра вкупен расход и 13.000 евра добивка. Во истата година, вкупните обврски изнесувале 947.000 евра, а побарувањата од клиенти 287.000 евра. Компанијата работела со просечно 10 до 15 вработени.

Филип Костов

Слично

Поврзани вести