Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИТЕ СТАНАА ЗАПАДЕН СОСЕД, АЛБАНЦИТЕ ИСТОЧЕН, долгоочекуваните учебници ја брануваат јавноста

БУГАРИТЕ СТАНАА ЗАПАДЕН СОСЕД, АЛБАНЦИТЕ ИСТОЧЕН, долгоочекуваните учебници ја брануваат јавноста

Долгоочекуваните учебници, кои само што Министерството за образование почна да ги дистрибуира до децата во основните училишта, веднаш ја брануваат јавноста. Како што објавија родители на социјалните мрежи во учебници за петто одделение, има големи грешки. 

Силна критика има за за учебникот по Историја и општество, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН.

Во него, како што се забележува, во Тема 2 – „Населението и за континентите“, на децата им се нуди информација дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29 305 метри. Или дека Мртвото Море на Блискиот исток е најниска точка во светот – 1.400 метри под морското ниво. Но и дека Нил, како најголемата река во светот кој тече низ Африка, „се протега од Судан до Средоземното Море“.

И родителите кои објавуваат на социјалните мрежи, и медиумите алармираат дека авторктие на учебникот, но и рецензентите требало подобро да преведат и да ги проверат со повеќе извори податоците кои ги навеле во учебниците. 

Имено, податоците од интернет велат дека Монт Еверест е висок 29.035 стапки (мерна единица која се користи во САД и Велика Британија), а не метри, бидејќи Монт Еверест е висок 8.848,86 метри. А и бројката во стапки не е точна – таа 29.031. 

- Нови метрики за кои не знам? Просветлете ме!

Ама ме учеа дека Монт Еверест е 8849м надморска, а Мртво Море 430 под морското ниво...Бааги пораснала планината, ццццц - пишуваат родители во објавата. 

Но, тоа не е се. Грешки има и во учебникот по Историја исто така за петто одделение, каде се измешани нашите соседи на исток и на запад. Сознанието дека граничиме со Бугарија на исток, или со Албанија на запад, изгледа ни е погрешно. 

- Нашата чудесна земја

СРАМОТА!!!

Само сегмент од "фрлен поглед на прва" на долгоочекуваниот учебник по Историја и општество за 5 одд..

Какви ли глупости ќе најдам кога ќе седнам да го простудирам? - пишува една мајка, чиј пост на Фејсбук во го пренесуваме.


Учебниците ги издаде Министерството за образование и наука. Министерот Јетон Шаќири вели дека има недостатоци во учебниците, но ова не се недостатоци. Со вакви учебници децата учат погрешни или неточни податоци, какви генерации очекуваме во иднина. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести