Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите се лутат, не сакаат никој да ја споредува Бугарија со Русија

Бугарите се лутат, не сакаат никој да ја споредува Бугарија со Русија

Има најава за нова декларација во бугарското Собрание. 

Изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека односот на Бугарија кон Македонија, наликува на оној на Русија кон Украина ги налути Бугарите. Нему му реагираа и бугарски пратеници кои порачаа дека е „неправда некој денес да се осмели да ги спореди со Руската федерација“.

Лидерката на бугарската Социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, изјави дека партијата иницира декларација на Националното собрание за осуда на односот на Република Северна Македонија кон Бугарија. Причина за тоа, како што вели се „ многу неприфатливи зборови и постапки од страна на официјалните власти на Северна Македонија“. Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија(ЕУ).

Бугарскиот претседател Румен Радев  и македонскиот премиер Димитар Ковачевски се конфронтираа. 

„Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“, му одговори македонскиот премиер на Румен Радев. 

Вели дека уставните измени се дел од Преговарачката рамка со Европската Унија „бидејќи ние преговараме со ЕУ, не со Бугарија“. 

Слично

Поврзани вести