Бугарите немале правна заштита во Македонија, за Македонците во неговата земја Петков немаше одговор
Ја променивме агендата кон заедничките нешта наспроти проблемите. Имаме проблеми.. да заборавиме на историските за кои зборуваат, вели во интервју за BBC, бугарскиот премиер Кирил Петков одговарајќи на прашањето за проблемите со македонија.
Британскиот новинар Стивен Сакур имаше претходно забелешка на одговорот на Петков додека тој зборуваше за правата на Бугарите во Македонија, па му забележи.
„Да бидеме искрени, и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Тука се наоѓате на лизгав терен“, рече Сакур.
Петков не даде конкретен одговор.
Зборуваше вака претходно.
„Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во С. Македонија се уште немаат права за легална заштита. Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на С.Македонија целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји да се согласи“, рече Петков.
Изјавата овде со македонски превод.
