Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите му се налутија на Пендаровски оти се сретнал со ОМО Илинден Пирин, тие за нив биле сепаратисти

Бугарите му се налутија на Пендаровски оти се сретнал со ОМО Илинден Пирин, тие за нив биле сепаратисти

Бугарските власти му се налутија на македонскиот претседател Стево Пендаровски затоа што деновиве се сретнал со претставници на ОМО Илинден Пирин, здружение на Македонците од Бугарија. 

„Македонските Бугари се борат за рамноправност. Тоа е во корен различно од сепаратистичките претензии за малцинство кои ги искажуваат луѓето со кои се среќава претседателот Пендаровски“, вели бугарскиот претседател Румен Радев. 

Бугарското МНР оцени дека средбата е во спротивност со договорот за пријателство во 2017 година.

Бугарската вицепремиерка Корнелија Нинова ја бојкотира посетата на Скопје, поради средбата на Пендаровски со ОМО Илинден Пирин, објави БГНЕС. 

Нинова која е министер за економија во владата на Кирил Петков, но и претседател на Социјалистичката партија во Бугарија, според медиумите во Софија, била испровоцирана од средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија од Бугарија и затоа одбила денеска да присуствува на првата средба на македонско- бугарската група за економија која се оддржа во Скопје. 

Бугарија бара Буагрите да бидат внесени во македонскиот Устав, а Македонците од Бугарија бараат признавање пред се, затоа што како што велат на пописите се спречени да се изјаснат тоа што се. 

foto Printscrin

Слично

Поврзани вести