БУГАРИТЕ ЛУТИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВО ОХРИД: Албанскиот национализам сонува за Голема Албанија
За поставувањето на големо албанско знаме на Велигден на Самоиловата тврдина во Охрид реакции има и од Бугарија.
„Непријатно е дека Самоиловата тврдина во Охрид, која е споменик на бугарската историја, култура и меморија за цар Самоил - еден од најголемите Бугари на сите времиња, станува предмет на такво вмешување. Ако овој инцидент заслужува коментар, тој мора да биде поврзан не само со нападите врз Република Северна Македонија, туку и со бугарското историско наследство. Од бугарска страна треба да има реакција“, е ставот на бугарскиот историчар Пламен Павлов
Тој ги повика организаторите на слични фестивали и учесниците, без разлика дали се од Македонија, од Косово или од која и да е друга земја, да не ја погазуваат историјата, затоа што според Павлов, „тоа е едно морално злосторство и ја влошува климата на добрососедство во современа Европа и на Балканот“.
„Без разлика дали овие луѓе кои го ставија знамето се свесни за тоа што го прават, тоа е дамка врз традиционално пријателските односи меѓу бугарскиот и албанскиот народ. Нема сомневање дека денешниот албански национализам сонува за Голема Албанија, прекројувајќи ја границата на Балканот”, истакна Павлов.
Основниот суд Охрид во својата одлука да го казни играорецот Ѓерѓ Пренкоцај со 1.100 евра откри дека албанското знаме кое го поставил на Самоиловата тврдина било со ширина шест и должина од осум метри.
Пренкоцај вчера беше осуден на 1.100 евра парична казна и е депортиран од Македонија без право за влез во Македонија од 5 години. Според Охридскиот суд, тој го нарушил јавниот ред и мир, бидејќи албанското знаме било поголемо на македонското..
