Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите лути на Димитров, БГНЕС објави дека со Захариева барале брзо решение за Гоце Делчев

Бугарите лути на Димитров, БГНЕС објави дека со Захариева барале  брзо решение за Гоце Делчев

Бугарската новинска агенција БГНЕС пишува дека поранешниот македонски министер за надворешни работи, Никола Димитров и неговата тогашна колешка  Екатерина Захариева во протокол од 2019 година побарале брзо решение за Гоце Делчев и ВМРО. 

Поради негативните реакции во Скопје, особено на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров за содржината на „францускиот предлог“, посебно за билатералниот протокол, БГНЕС ја објавува содржината на последниот билатерален протокол за имплементација на Договорот за добрососедство од 2019 година, потпишан од тогашните министри за надворешни работи, Екатерина Захариева и Никола Димитров, објави БГНЕС.

БГНЕС нагласува дека станува збор за оригинали (протоколи), а не за прераскажани текстови од медиумот.

Во протоколот, потпишан во 2019 година, впечаток прави присуството на важни историски теми, како и на конкретна заложба за постигнување заедничко историско читање на личноста на Гоце Делчев до крајот на истата година, пишува БГНЕС.

Според  Димитров, со прифаќањето на францускиот предлог за деблокада на Македонија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе ја контролира работата на македонско-бугарската мешовита комисија за историски прашања. 

Тој претпладнево како гостин во студиото на ТВ24 рече дека македонскиот јазик и натаму останува проблем за Бугарија, но најзагрижувачки, според Димитров, е тоа што францускиот предлог како документ го нема никаде во македонските интиутуции.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел го одби францускиот предлог. 

фото БГНЕС

Слично

Поврзани вести