Бугарите ќе екстрадираат охриѓанец кој силувал дете
Апелациониот суд во Варна ја потврди екстрадицијата на граѓанин на Македонија во својата татковина. Далибор Ј.треба да издржува затворска казна за период од 9 години. Тој беше осуден во 2019 година во Охрид за полов напад против дете под 14-годишна возраст.
Далибор Ј живеел во Бугарија, оженет е со Бугарка и од 2020 година имал постојана дозвола за престој во соседната земја. Тој беше уапсен на 28 април на барање на Интерпол.
Бранителите на македонскиот државјанин се жалеле на одлуката на окружниот суд во Варна за негова екстрадиција, бидејќи бил осуден во отсуство. Покрај тоа, Бугарија не добила гаранции дека тој ќе добие фер судење.
Во последниве години, 37-годишниот македонски државјанин постојано влегувал во својата татковина за да добие документи за стекнување бугарско државјанство, но властите не превзеле ништо против него, рекле адвокатите.
Апелациониот суд не најде основа за одбивање да се предаде бараното лице. Од документите во случајот станува јасно дека Далибор Ј е приведен во контекст на предметната кривична постапка. Тој бил информиран за случајот, присуствувал лично и преку бранител по службена должност, се жалел на изречената казна од Основниот суд.
