Бугарите ја презентираа Бела книга според која нашиот јазик е скопска норма
Објавена e Бела книга за наводните масовни репресии против Бугарите и бугарскиот јазик во земјава. Според оваа книга, македонскиот јазик е скопска норма.
Во Софија денес е презентирана таканаречената „Бела книга за јазичниот спор меѓу Република Северна Македонија и Бугарија“ која треба да се преведе на неколку јазици и да се шири во светот за да ја засили бугарската пропаганда во однос на нашата држава и да ги убеди земјите во Европа во вистинитоста на аргументите околу бугарскиот карактер на нашиот јазик. Белата книга за јазичниот спор ја напишаа тројца автори од Република Северна Македонија, тројца од Бугарија и по еден од Албанија и Србија. Главната цел на објавената „Бела книга“ е надминување на слабоста на бугарската надворешна политика – недостатокот на аргументација околу изнесениот став за идната европска интеграција на Скопје.
„Со Република Северна Македонија се чини дека има нешто што не е доречено и завршено во последниве години, иако ова не е само во последниве години. Но, фактот дека е толку видлив и секогаш во фокусот на вниманието на јавноста, мислам дека ќе помогне да се реши во крајна сметка. Тоа воспитување на генерации сп омраза кон Бугарија и Бугарите е основа на нашиот проблем“, вели министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во денешното интервју за 24 Часа.
Премиерот Зоран Заев не се согласува со нејзиното тврдење. Тој вели дека имале пријателски наратив кон соседите.
