Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИТЕ ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕБНИЦИ: Ги доставиле на 30 страници

БУГАРИТЕ ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕБНИЦИ: Ги доставиле на 30 страници

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева вели дека Бугарија достави над 30 страници со забелешки за македонските учебници по историја. 

Се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји, направен е преглед на учебниците од шесто до седмо одделение во Македонија и за нив се доставени над 30 страници забелешки.

Захариева кажа дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија веќе имала два состаноци, а третиот треба да се одржи месецов. 

Бугарските претставници од комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците. 

За Бугарија, вели Захариева, е важно да се постигне меѓусебна согласност за заедничките историски настани,  личности, кои би требало заедно да се чествуваат.

Захариева истакна дека очекувањата од работата на комисијата се многу големи. 

Членовите на заедничката комисија веќе ја утврдиле методологијата на работа, а договорено е состаноците да се одржуваат на ротациски принцип, еднаш во Бугарија, еднаш во Македонија.

Слично

Поврзани вести