Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарите и Србите во Охрид, „скопјанишчана“ во Банско

Бугарите и Србите во Охрид, „скопјанишчана“ во Банско

Речиси и да нема празно место во охридските хотели. Распродадени се сите сместувачки капацитети. Хтелиерите и угостителите ги привршуваат подготовките за што пречек на гостите кои таму ќе ги поминат новогодишните празници. Според најавите, има зголемен интерес кај туристите за дочек на Новата 2020 година во Охрид. 

Цените на хотелските аранжмани за оваа Нова Година се слични на изминатите години, до 160 евра за три дена со свечен дочек на Новата година, зависно од понудата и категоријата на објектот.

И оваа сезона, сморед уплатените аранжмани, најмногу гости на охридското крајбрежје ќе има од соседството, пред се Бугарија и Србија, а ќе има и гости од Црна Гора, Косово, Грција, како помал број гости од Полска, Словенија, Турција.

Во охридските ресторани, пак, цените ќе бидат слични на лани, до 50 евра.
Од друга стрна, за разлика од соседите кои го обожуваат Охрид, туристите од земјава, особено оние од Скопје, за дочек на најлудата ноќ, но и и за деновите потоа, во како да ги преферраат бугарските одморалишта, Банско, Боровец и слично. 
Во Охрид најчесто одат оние кои имаат свои станови и куќи, а помалку се оние што изнајмуваат станови за новогодишните празници.

Слично

Поврзани вести