Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија воведе значајни даночни олеснувања за туризмот и производите за деца

Бугарија воведе значајни даночни олеснувања за туризмот и производите за деца

Речиси без расправа, пратениците ги одобрија пониските стапки на ДДВ за некои стоки и услуги, со кои државата се обидува да ги спаси секторите кои се најпогодени од кризата предизвикана од Ковид-19, пренесува БГНЕС.

Така, од 1 јули овој данок ќе се намали од 20 проценти на 9 отсто за ресторантските и хотелските услуги, со кои владата има за цел да ги надмине негативните економски последици од пандемијата и вонредната состојба, по неработењето од 2 месеци. Мерката е привремена и ќе остане во сила до крајот на 2021 година.

Пониски ДДВ ќе се плаќа за детски производи погодни за бебиња и мали деца, како и за пелени за бебиња и други стоки за хигиена. Со ова предлагачот се надева дека ќе се придонесе за надминување на негативната демографска статистика во земјата.

На денешното гласање, пратениците го одобрија и намалувањето на даночната стапка за продажба на книги, за што опозицијата инсистираше да не биде привремена мерка, туку да остане постојана. 

Пратениците ги одобрија и предлозите за еднократна помош за осмоодделенците, како и туристички ваучери во износ од 210 евра за оние кои се борат на фронтот против КОВИД-19.

Инаку Бугарија и покрај воведувањето на нови разлабавувачки мерки ја продолжи вонредната состојба до крајот на јуни поради порастот на бројот на нови случаи на коронавирус, објави премиерот Бојко Борисов.

Слично

Поврзани вести