БУГАРИЈА ТРЕБА ДА ЗНАЕ ДЕКА ОВОЈ НАРОД ТУКА ПОСТОИ, И ЌЕ ПОСТОИ - лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вели дека Албанците во земјава се дури и поиритирани од ваквиот однос на соседите
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вели дека Албанците во земјава се дури и поиритирани од односот на Бугарија кон Македонија/
„Луѓето со кои имам контакти, тие се вчудоневидени како Албанците во Македонија се поиритирани од односот на Бугарија кон Македонија. Бугарија треба да знае дека овој народ тука постои и ќе постои. Пред 70 години го поминавме тоа дали луѓето тука се Бугари или не се. Се прашувам дали тие луѓе таму воопшто имаат интелектуалци? Видете го примерот со Украина. Што оти Русија може да заземе територија? Кој ќе живее таму? Па тоа ќе бидат гулази додека другиот дел од државата ќе живее живот што не е како од 19 век“, изјави Мендух Тачи, лидерот на ДПА, за Утрински брифинг.
Тачи за заткулисното сопирање на процесите на Балканот од страна на Русија вели дека станува збор повеќе за културолошка отколку за воена мешаница пред голот.
