Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија треба да го признае македонското малцинство, порача Села

Бугарија треба да го признае македонското малцинство, порача Села

Бугарија треба да го признае македонското малцинство, вели лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју за Тв 24. Вели дека има и други земји кои имаат спорови со соседите, тие можеби уште не се решени, но сепак се дел од ЕУ. 

„Ако добрососедството е еден до главните приоритети и услови за влез во ЕУ, мислам дека соседите треба да се признаваат еден со друг. Без тоа, залудно е да отвораш други теми. Тоа подразбира дека соседите треба да си ги признаат малцинствата, ние тука во Македонија бугарското малцинство, а во Бугарија македонското малцинство“, рече тој. 

Тој вели дека Македонија треба да види и дали „нејзиниот двор е чист“, посочувајќи ја училишната литература од аспект на Албанците и албанскиот јазик како службен јазик во земјава. Овие прашања и спорот со Бугарија, според Села, треба да се разгледаат и на лидерска средба.

Пратеникот во Европскиот парламент и заменик претседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски вели дека  само ако  бидат условени од ЕУ и од нивните фондови, тогаш може да го признаат македонското малцинство. 

Слично

Поврзани вести