Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија со протестна нота реагира за инцидентот во Битола

Бугарија со протестна нота реагира за инцидентот во Битола

Стигна протестна нота од Бугарија за инцидентот во Битола, каде од пред бугарскиот конзултат деновиве беше отстрането бугарското знаме. 

Во бугарското Министерство за надворешни работи, денеска е повикан македонскиот вршител на должност амбасадор во Софија, Владимир Крстевски кому му е врачена протестна нота, јавува новинската агенција МИА.

Бугарија изрази длабока огорченост поради инцидентот. Бугарското министерство констатирало дека на 28 август годинава било отстрането знамето на Бугарија, кое се веело до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при Генералниот конзулат на земјата во Битола. 

Бугарското Министерство за надворешни работи ја прифати јавната реакција на Министерство за надворешни работи на Северна Македонија, во која остро беше осуден вандалскиот чин и беше ветена истрага и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

На почетокот на месец август имаше уште една протестна нота од соседна Бугарија, и таа се однесуваше за сквернавење на споменикот Солза на роза во Охрид, кој е подигнат во чест на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа која се случи во 2009 година. 

Слично

Поврзани вести