Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА ОСТАНУВА НА ИСТАТА ПОЗИЦИЈА: Стоев со ваков став по состанокот со Силва и Вархеји

БУГАРИЈА ОСТАНУВА НА ИСТАТА ПОЗИЦИЈА: Стоев со ваков став по состанокот со Силва и Вархеји

Нема промена во позицијата на Бугарија кон РС Македонија. Ова го изјави в.д министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, кој денес се состана со неговиот португалски колега Августо Сантос Силва и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, јавува БГНЕС.

Бугарија продолжува да биде доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата како добрососедство. Ние сме отворени за одговорен, отворен и полноправен дијалог со РС Македонија. Очекуваме нашите најблиски соседи во регионот да работат во духот на искреност и конструктивност. Сакам да истакнам дека на оваа тема има целосен континуитет и не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на РС Македонија, рече министерот Стоев.

Тој изрази подготвеност да се сретне со македонскиот колега Бујар Османи за да разговара за иницијативите што можат да бидат преземени од привремениот кабинет.

-За нас одржувањето на добрососедските односи и добивањето на потребните гаранции за спроведување на Договорот од 2017 година е од клучно значење, истакна министерот и додаде: Ние продолжуваме да правиме напори за враќање на довербата во нашите односи со РС Македонија.Нашата цел е да преземеме конкретни чекори за враќање на дијалогот со Скопје, вклучително и на највисоко ниво, што ќе обезбеди основа за идната редовна влада да ги врати нашите односи на нивото што треба да поврзе две такви блиски земји“, рече Стоев.

Како заклучок, министерот за надворешни работи изјави дека се надева дека напорите и добронамерниот пристап на Бугарија конечно ќе бидат ценети од нашите соседи и дека ќе работиме заедно за да најдеме одржливо и трајно решение за отворените прашања во нашите односи.

Извор и фото: БГНЕС

Слично

Поврзани вести