Бугарија одобри финансиска помош за Македонија
Бугарија објави дека одобрила 579.789 лева, односно нешто повеќе од 300.000 евра, за Република Северна Македонија. Помошта е неповратна и ќе им биде доделена на невладини организации за спроведување седум проекти.
Тие се од областа на здравството, развојот на младите и секторот на граѓанско општество.
Парите се обезбедуваат преку програмата за развој и хуманитарна помош од буџетот на бугарското Министерство за надворешни работи.
Слично
