Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот

Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот

Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот за Северна Македонија. 

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Дописникот на  МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информираш дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.

Клан објави нон-пејпер за решение на спорот со Бугарија, но за Владата официјален е предлогот на Португалија. 

Клан објави доверлив документ, кој наводно претставува дел од нон пејперот каде се нуди решение за спорот. Се предлагаат двојни принципи, што ќе им овозможат на двете страни сопствена интерпретација на историските настани.

Слично

Поврзани вести