Бугарија не сакала да се вклучат германски историчари
Форматот во кој само македонски и бугарски историчари треба да ги решат прашањата, мислам дека нема да даде резултати, изјави синоќа во Само интервју на Канал 5, шефот на државата, Стево Пендаровски.
Бугарската страна сепак не сакала да се вклучат историчари од Германија за надминување на спорните прашања.
„Ако не се приклучи трета страна, историчари, кои би биле консултанти. Ова е понудено на почеток на оваа година од наша страна, двајца германски историчари да се приклучат на Комисијата како консултанти. Бугарите тоа веднаш го одбија. Дури имаше предлог пред месец дена од германското претседателство дајте да приклучиме трета страна во Комисијата“, рече Пендаровски.
Последната средба на историчарите од двете земји доживеа фијаско. При тоа за револуционерот Гоце Делчев се зборувало само половина час, а спротивставени мислења имало за Цар Самоил.
