Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија не отстапува, а Јанев вели дека остануваат на позицијата пет плус една точка

Бугарија не отстапува, а Јанев вели дека остануваат на позицијата пет плус една точка

Бугарија нема да ја промени позицијата кон Македонија. 

Ставот го потврди привремениот премиер Стефан Јанев во одговор на прашање од пратеник од „Има таков народ“ во Народното собрание. 

Јанев посочи дека вчера на состанокот на Советот на министри донеле став кој следната недела во Брисел ќе биде претставен пред Советот за општи работи. Вели дека бугарската позиција е позната, јавна, со т.н пет плус една точка.

„Ова е шемата по која може да продолжат разговорите и се надеваме на добронамерниот однос на нашите колеги од Северна Македонија за да се постигне овој неопходен дијалог, да се надминат разликите за да се одреди датум за првата конференција и, соодветно, да отпочнат преговорите на оваа земја со ЕУ“, додаде тој.

Претходно, агенцијата БГНЕС објави дека од Париз нема предлог за надминување на спорот.  Вицепремиерот Артан Груби тврдеше дека Франција се ангажира за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. 

Слично

Поврзани вести