БУГАРИЈА ЌЕ И ДАДЕ НА МАКЕДОНИЈА 5.000 ДОЗИ ВАКЦИНИ: Пријателски гест за здравјето на луѓето, кажа Борисов
Во текот на
следнава недела Бугарија ќе добие 200.000 вакцини, по што, според најавите на
премиерот Бојко Борисов, за нашава земја ќе следи донација од 5.000 дози.
-Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме за Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на увидот на градежните работи на модернизацијата на компресорска станица „Лозенец“ и изрази уверување дека Бугарија во април ќе добие над милион вакцини.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Борисов изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.
Слично
