Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија ќе го екстрадира Игор Спасов

Бугарија ќе го екстрадира Игор Спасов

Бугарските органи позитивно одговорија на барањето на Министерството за правда за екстрадиција на Игор Спасов, полицаецот кој побегна од доиздржување на затворската каза за убиството на Мартин Нешковски.

„По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата“, соопшти министерството.

Министерот за правда Бојан Маричиќ го потпиша барањето за екстрадиција  на 10 февруари. 


Слично

Поврзани вести