Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија категорично НЕ, Меркел уште дава надеж за Македонија

Бугарија категорично НЕ, Меркел уште дава надеж за Македонија

Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање, рече германската канцеларка Ангела Меркел на видеоконференција со европарламентарците. Земјава е во очекување на министерскиот совет на Унијата кој треба да се одржи на почетокот на овој месец но засега нема позитивни најави од Бугарија. Меркел сепак е оптимист иако вели дека сè уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија. Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што си уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, додаде Меркел.

Таа е категорична дека Албанија треба да почека за датумот.

Инаку на вчерашниот амбасадорски состанок во ЕУ во Брисел, Бугарија повторила дека нема да даде зелено светло за Македонија на министерскиот состанок на 8 декември.

„Со оглед на ситуацијата можам да кажам дека нема многу надеж за меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите со Северна Македонија оваа година поради ветото на Бугарија – изјавил дипломат од западна земја членка на ЕУ за МИА, а истото го потврдиле повеќе високи дипломати од други земји членки.

Слично

Поврзани вести