Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија издвојува 150 000 вакцини за Балканските земји, донира најмногу од „Астра Зенека“

Бугарија издвојува 150 000 вакцини за Балканските земји, донира најмногу од „Астра Зенека“

Бугарија планира да одвои околу 150 000 вакцини против Ковид-19 за нејзините балкански соседи, изјави министерот за здравство Стоичо Кацаров.

Бугарија има најниска стапка на вакцинација во ЕУ, но Кацаров рече дека земјата се согласи да обезбеди околу 13 до 14 милиони дози според програмата на ЕУ до крајот на годината и може да си дозволи да испраќа помош во други земји.

„Идејата е да се дистрибуираат до 150.000 дози меѓу нашите соседи од Западен Балкан“, рече Кацаров, додавајќи дека Софија добила барања од Северна Македонија, Албанија, БиХ и Косово.

Тој рече дека потребите на Бугарија се „целосно покриени“ и дека нема опасност Бугарија да остане без вакцини.

Кацаров рече дека очекува да добие одговор денес од Европската комисија за тоа како точно треба да постапува Бугарија и дали може да ги донира или продаде тие дози.

Тој додаде дека Софија има намера, во најголема мера, да донира вакцини на компанијата „Астра Зенека“, бидејќи има мал интерес за овој лек во домашната јавност.

Слично

Поврзани вести